Замисли дека твојата е-продавница е како физичка продавница: уредена е убаво, има одлични производи и секојдневно привлекува посетители. Но, што ако тие посетители само разгледуваат, а не купуваат?
Затоа постојат специјализирани модули и алатки кои можат да ти помогнат да ги разбереш и да ги поттикнеш твоите купувачи, со што ќе ја зголемиш продажбата. Овие модули не само што собираат податоци, туку и ти даваат моќни увиди за тоа како да го подобриш искуството на купување.
Модули за анализа на однесување: Зошто твоите купувачи се премислуваат?
Првиот чекор во зголемување на продажбата е да разбереш како твоите посетители се движат низ страницата. Токму затоа, алатките како Google Analytics 4 (GA4) се поврзуваат со вашата веб страна преку Vendor платформата.
Google Analytics 4 (GA4)
Оваа алатка ти овозможува детална анализа за тоа кои производи се најгледани, кои страници имаат најголем bounce rate (брзина на напуштање) и како купувачите навистина се однесуваат. Со овие податоци можеш да ја откриеш слабата точка – дали е дизајнот, цената или процесот на плаќање
Намали ги препреките до продажбата
Долгите и сложени процеси на плаќање се една од главните причини за падот на продажбата. Затоа, важно е да имаш модул што го прави процесот брз и едноставен.
Модули за брзо плаќање
Овозможи плаќање со еден клик преку доверливи платформи. Колку е полесно за корисникот, толку е поголема шансата за купување.
Multi-Currency Checkout
Ако продаваш на меѓународни пазари, овозможи плаќање во повеќе валути.
Дали ова ти помогна?
Одлично!
Ти благодариме за твојот фидбек.
Жал ни е што не ти помогнавме
Ти благодариме за твојот фидбек.
Фидбекот е испратен
Ти благодариме за твојот ефорт и ќе се потрудиме да го подобриме овој артикл.