Страниците во Vendor се дел од основната структура на веб-сајтот и служат за организирање и прикажување на информации што се од важност за клиентите или посетителите на сајтот. Во платформата Vendor, администраторите можат да креираат различни страници како што се Услови за користење, Често поставувани прашања, Контакт страници и други, кои можат да бидат од помош за пренос на важни податоци за корисниците и да ја подобрат комуникацијата со клиентите.
Страниците може да бидат стандарни или дизајнирани
Стандардни страници обично содржат текст, прашања и одговори, како и контакт информации. Овие страници се користат за основни и едноставни информациски потреби.
Дизајнирани страници вклучуваат посебни темплејти кои можат да бидат користени за создавање на почетна страница, страница за компанијата или тајмлајн, кои можат да вклучуваат визуелни елементи и да бидат повеќе интерактивни.
Како да креирате нова страница?
Пристапете до менито за страници:
Од главното мени, изберете „Содржина“, па „Страници“, и кликнете на „Нова страница“.
Пополнете ги основните информации:
Наслов: Внесете го насловот на страницата (на пример, Контакт, Често поставувани прашања).
Линк: Внесете го линкот или URL-то за страницата.
Опис: Внесете краток опис за страницата, што ќе се прикажува заедно со насловот.
Изберете тип на страница:
Изберете дали сакате да креирате стандартна страница (текстурална, FAQ, контакт) или дизајнирана страница (почетна, за компанијата, тајмлајн).
Изберете темплејт (за дизајнираните страници):
Ако изберете дизајнирана страница, изберете темплејт кој ќе го користите за дизајнирање на страницата. Темплејтите се претходно подготвени шаблони кои ќе ви помогнат брзо да создадете атрактивни и функционални страници.
Кликнете на „Зачувај“ за да ја создадете новата страница.
Што е „Промо блог“?
Под полето за зачувување на новата страница, ќе забележите опција за додаване на Промо блог. Ова е специфичен блок што може да се додаде на дизајнираните страници. „Промо блог“ е начин да се прикажат промотивни информации, новини, попусти или други важни ажурирања за посетителите на веб-сајтот.
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article