Додавање на логоа и избор на бои за твојата е-продавница



Логото и боите на вашата е-продавница се како првото „добредојде“ што го добива секој посетител. Тие треба да ги рефлектираат вашиот бренд и да создадат пријатна и препознатлива атмосфера што ќе ги охрабри луѓето да се задржат подолго.


Додавање на лого

Замислете го логото како потпис на вашиот бренд, нешто што ќе биде насекаде – од хедерот на страницата до вашите објави на социјалните мрежи. Логото треба веднаш да го привлече вниманието и да комуницира за што се залага вашиот бренд.Дизајнот на логото треба да биде доволно едноставен за да биде препознатлив дури и кога е мал.

  1. Дизајн:

    1. Едноставност: Логото треба да биде лесно разбирливо

    2. Препознатливост: Мора веднаш да се поврзе со вашиот бренд.

    3. Флексибилност: Да биде видливо и функционално на различни површини и големини.

  2. Формати:

    1. SVG: За остар и квалитетен приказ при различни големини.

    2. PNG: Со транспарентна позадина, идеално за веб.

    3. ICO: Ако го користите логото како икона (favicon).

  3. Боја и контраст:

    1. Две верзии: Една за светли и една за темни позадини.

    2. Видливост: Проверете дали логото е лесно читливо на различни уреди.

  4. Позиционирање:

    1. Хедер: Горен лев агол (најчесто).

    2. Мобилна верзија: Да биде центрирано и лесно достапно.

  5. Големини:

    1. Минимална големина: 32x32 пиксели (favicon).

    2. Оптимална големина за хедер: 250x100 пиксели (или според дизајнот на страницата).


Избор на палета на бои

Боите се душата на вашата е-продавница. Тие не само што ја дефинираат визуелната естетика, туку и предизвикуваат емоции кај посетителите. Добро избрана палета на бои може да ги натера клиентите да се чувствуваат сигурно, ентузијастично или пријатно.

Прво, изберете основна боја која ќе биде доминантна и ќе ја пренесува главната порака на вашиот бренд

Потоа, додадете акцентни бои. Овие бои се користат за важни елементи, како копчиња за акција, банери или промотивни детали. Акцентната боја треба да биде впечатлива и контрастна со основната, за да ги насочи погледите кон она што е најважно.

И на крајот, изберете неутрални бои за позадини и текстови. Белата, сивата или светлите нијанси обезбедуваат чиста и уредна основа, правејќи ја страницата лесна за читање и навигација.

 

Was this article helpful?

That’s Great!

Thank you for your feedback

Sorry! We couldn't be helpful

Thank you for your feedback

Let us know how can we improve this article!

Select at least one of the reasons
CAPTCHA verification is required.

Feedback sent

We appreciate your effort and will try to fix the article