Во Vendor платформата, варијабилниот производ е тип на производ кој има различни опции или варијации, како што се големини, бои, стилови или други атрибути.
Во продолжение, ќе ви опишеме како да управувате со варијабилен производ на Vendor платформата.
Кога ќе додадете нов производ, ќе имате избор помеѓу едноставен и варијабилен производ. За да креирате варијабилен производ, изберете опцијата „Варијабилен производ“.
Наслов
Внесете наслов на производот.
Тип на производ
Изберете „Варијабилен производ“.
Опции
Креирајте атрибути, како што се големина, боја или стил.
Основна цена и попуст
Внесете цена за секоја варијација, ако е потребно, и поставете попуст (ако постои).
Залиха
Поставете различни количини на залиха за секоја варијација.
Категории
Во делот Категории, изберете на која категорија припаѓа производот. На пример категорија фустани.
Додавање на атрибути за варијации
Големина (Size): 38, 40, 42 и сл.
Боја (Color): Црна, Бела, Црвена и сл.
Материјал (Material): Кожа.
Стил (Style): Класичен, Спортски и сл.
Статус на залиха
Можете да го поставите статусот на залиха на „Достапен“ или „Не е достапен.
Цени и попусти за секоја варијација
Можете да поставите различна цена и попусти.
Додавање на слики за секоја варијација
За секоја варијации може да поставите и различна слика.
Опис и спецификација по варијација
За секој производ можете да додадете различни описи или спецификации.
Поврзани производи и препораки
Можете да креирате препораки за поврзани производи за секоја варијација, што ќе го зголеми интересот на купувачите и ќе помогне во продажбата на дополнителни производи.
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article