Во Vendor платформата, можете да креирате два основни типа на производи: едноставни и варијабилни производи. Разликата меѓу овие два типа е во нивната структура и начин на управување со варијациите, како што се различни големини, бои или други атрибути. Разбирањето на разликата помеѓу овие два типа ќе ви помогне да ги организирате вашите производи на најефикасен начин.
Едноставен производ
Едноставниот производ е производ кој нема варијации и се продава како еден артикл. Тоа значи дека еден производ има една цена, една слика и една единица залиха, без потреба од дополнителни опции или атрибути.Карактеристики на едноставен производ:
Една цена и една единица на залиха
Пример: Чаша во една боја и една големина.Една слика
Не постојат варијации на сликата, бидејќи производот е универзален.Без варијации
Производот не нуди можност за избор на различни големини, бои или други опции.
Варијабилен производ
Варијабилниот производ е тип на производ кој нуди повеќе опции или варијации. Овие варијации можат да бидат различни бои, големини, стилови или други атрибути. Секој атрибут може да има различна цена, изалиха.Карактеристики на варијабилен производ:
Варијации на атрибути
Производот може да има различни атрибути, како што се големина, боја, материјал, и секоја варијација може да има различна цена или количина.Додадена флексибилност
Купувачите можат да изберат која варијација на производот ќе ја купат.Управување со залиха по варијација
За секоја варијација (на пример, различна големина или боја), можете да поставите различен број на залиха.
Кога да изберете едноставен, а кога варијабилен производ?
Избор на едноставен производ
Користете едноставен производ кога не постојат варијации.
Избор на варијабилен производ
Кога производот има различни опции што се значајни за купувачите (како боја, големина), а секоја опција треба да има различна цена или залиха.
Кога продавате облека, чевли, мобилни телефони или слични производи каде што варијациите на атрибутите им нудат на клиенитите можност за споредба со други производи и претставуваат важен фактор за избор .
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article