Управувањето со нарачките е клучен аспект на платформата.Во продолжение ќе опишеме како може да се управува со нарачките, како се менуваат, бришат или едноставно следат.
Како да менуваш нарачка
За да ја промените нарачката, процесот може да вклучува промени во деталите на производот, количината, адресата за испорака, или методот на плаќање. Овие промени обично се дозволени ако нарачката не е во фаза на испорака или ако не е завршена.
Промените кои може да се направат
Измена на адресата за испорака.
Измена на статусот на нарачката (ако администраторот сака да го промените статусот од "Во процес" на "Доставено").
Измена на лични податоци на клиентот
Како да се направи промена
Најава во администраторскиот панел: Влезете во контролниот панел на платформата во делот нарачки – детали за нарачката .
Изберете ја нарачката која треба да се промени: Пребарувајте по бројот на нарачката или по името на клиентот.
Уреди нарачка: Кога ќе ја отворите нарачката, обично ќе имате опција да ја едитирате или, да ја промените адресата или да промените статус.
По внесувањето на промените, потврдете и зачувајте ги.
Како да ја избришете нарачката
Бришењето на нарачките може да се изврши во некои специфични ситуации, на пример, ако нарачката е погрешно поставена или ако клиентот ја откаже.
Ако нарачката е веќе обработена или испратена може да се избрише, меќутоа не би требало да биде практирака, затоа што целосно ќе се избрише од базата на податоци и нема да се има увид во неа.
Како да се избрише нарачка
Најава во администраторскиот панел: Влезете во администраторскиот интерфејс на платформата.
Пребарајте ја нарачката: Користете број на нарачката или име на клиентот за да ја најдете нарачката што сакате да ја избришете.
Избор на нарачката: Отворете ја нарачката.
Опција за бришење: Ќе имате директна опција "Избриши" која ќе ја отстрани нарачката
Потврда на бришење: Потврдете дека сакате да ја избришете нарачката. Ова обично ќе побара потврда за да се избегне некоја грешка.
Како да менаџирате нарачки
Управувањето со нарачките подразбира следење на нивниот статус, анализа на продажните податоци, како и управување со процесите на испорака и враќање на производите.
Клучни активности во менаџирање на нарачки
Следење на статусот на нарачката: Платформата ќе дозволи менаџерот или администраторот да види кој е статус на секоја нарачка, дали е во процес, испратена или доставена.
Групирање на нарачки по статус: Можете да филтрирате нарачки по статус (нпр. во процес, испратено, доставено), што ви овозможува да управувате со нив по етапи.
Групирање по датум: Администраторот има можност да подеси датум и да ги преглада сите нарачки за одреден ден.
Комуникација со клиентите: Администраторите може да комуницираат со купувачите во врска со статусот на нивната нарачка или да ги информираат за евентуални проблеми.
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article