Управување со мени, хедер и футер на Vendor

 


Во Vendor, администратотирте имаат пристап до моќен систем за управување со мени, хедер и  футер, кој ви овозмошува целосна контрола.Овие компоненти се клучни во обликување на вашиот сајт.Овие делови на сајтот се клучни за навигацијата и корисничкото искуство, па затоа е важно да ги конфигурирате согласно вашите потреби. Процесот е сличен за сите три елементи, а единствено што се менува е параметарот што сакате да го измените.


Мени

Менито во Vendor е важен дел од навигацијата на вашата продавница. Тие треба да бидат јасно поставени, со логични категории кои ги водат посетителите до саканите производи и информации. Конфигурирањето на менито е многу едноставно. Во процесот, може да изберете кои ќе бидат боите на позадината на главното мени и подменито, како и боите на линковите. Исто така, можете да поставите различни фонтова и дебелини за главните линкови, што ќе создаде единствен изглед на менито. Ако вашата продавница има подмену, можете да ја поставите бојата на позадината, бојата на линковите и фонтот за подменито.



Хедер

Хедерот е една од најважните компоненти на вашата веб-страница, бидејќи го дефинира горниот дел од страницата. Овде ќе го поставите логото на вашата продавница, пребарувачот и сите икони кои имаат функционалности, како што се кошничката за нарачки или пријавување/регистрирање на корисник. Во Vendor, можете да изберете различни опции за изгледот на хедерот, како што се поставување на логото од левата страна или во центарот, како и избор на стил на копчето за пребарување. Изборот на боја за позадината, текстот и иконите ќе го обликува целокупниот визуелен изглед на вашата продавница. Важно е да се обезбеди контраст и читливост, особено кога се работи за текстови и линкови.


Фотер

Футерот е на крајот на страницата, има многу важна улога во структурирањето на содржината на вашата продавница. Тука често се наоѓаат линкови до важни страници како „Контакт“, „Услови за користење“, „Политика на приватност“ и други информации кои не мора да се наоѓаат на главното мени. Vendor ви овозможува лесно да го конфигурирате футерот со избор на бојата на позадината, бојата на текстовите и иконите, како и бојата на линковите и насловите во футерот. Како и кај хедерот, овде треба да се внимава на балансот на боите и читливоста на информациите.


Was this article helpful?

That’s Great!

Thank you for your feedback

Sorry! We couldn't be helpful

Thank you for your feedback

Let us know how can we improve this article!

Select at least one of the reasons
CAPTCHA verification is required.

Feedback sent

We appreciate your effort and will try to fix the article