Како да менуваш и конфигурираш мени, хедер и футер

 

Во ова упатство ќе научите како да го конфигурирате и прилагодите менито, хедерот и футерот во Vendor платформата. Овие компоненти се клучни за изгледот и функционалноста на вашата е-продавница.



  1. Како да конфигурирате мени?


Менито е главната навигациска структура на вашата продавница.За конфигурирање следете ги следниве чекори:

  1. Логирајте се во административниот панел на Vendor.

  2. Во менито за Дизајн, изберете ја секцијата Мени.

  3. Прилагодете ги следниве параметри

  4. Позадинска боја - Основната боја е бела (bs-white), но можете да ја смените во зависност од вашите потреби.

  5. Боја на главните линкови - Изберете стандарден стил (bs-primary), или друга боја според вашите потреби.

  6. Фонт на главните линкови - препорачано од наша страна е (Montserrat, sans-serif), меѓутоа и овој дел ќе си го прилагодите според вашите потреби.

  7. Текст - Препорачлино none или било кој друг приказ.

  8. Дебелина на фонт- Препорачана за главни линкови е 600.


  1. Конфигурација на под-мени


  1. Позадинска боја на под-мени: Изберете соодветна позадинска боја.

  2. Боја на линкови во под-мени: Изберете соодветна позадинска боја.

  3. Фонт: Истиот како главното мени (Montserrat).

  4. Дебелина на фонт: 400.

  5. Ова се основните параметри поставени од наша страна , доколку сакате иститте може да ги смените.

  1. Активирајте или деактивирајте мега мени


  1. Ако сакате поголемо мени со повеќе подкатегории, овозможете го со опцијата true.


  1. Како да го конфигурирате Хедер

Хедерот е горниот дел на вашата е-продавница, кој обично вклучува лого, мени, пребарувач и икони за функционалности.


  1. Во секцијата Дизајн, одберете ја опцијата Хедер.

  2. Прилагодете ги следните елементи:

  3. Лого варијанта:

    1. Поставете го логото на левата страна, централно или десно во зависност од изгледот што го посакувате.

  4. Форма за пребарување:

    1. Поставете ја како light за светол изглед.

  5. Позадинска боја:

    1. Основна боја е --bs-white. Може да ја промените за различен ефект.

  6. Боја на рамки:

    1. Поставете --bs-gray-200 за суптилна граница.

  7. Боја на текст:

    1. Изберете --bs-dark за темен текст.

  8. Боја на икони:

    1. Пример: --bs-accent за акцент на иконите.

  9. Боја на линкови:

    1. Основна боја е --bs-secondary, но можете да ја замените.

  10. Изглед на копче:

    1. Пример: btn-primary за примарно копче.

  11. Изберете еден од следните изгледи за хедер:

    1. Лого од левата страна: Мени централно, икони десно.

    2. Лого централно: Пребарувач централно или мени и икони поставени долу.

    3. Хамбургер мени: Пребарувач и мени на левата страна, икони на десната.

Ова се основните параметри поставени од наша страна , доколку сакате иститте може да ги смените.

  1. Како да конфигурирате футер

Футерот е долниот дел на вашата продавница и обично вклучува информации за контакт, линкови и икони за социјални медиуми.

  1. Во секцијата Дизајн, одберете Футер.

Прилагодете ги следните елементи

  1. Позадинска боја:

  2. Основната е --bs-white. Прилагодете ја ако сакате футерот да биде потемен или со бои од вашиот бренд.

  3. Боја на рамки:

    1. Пример: --bs-gray-200.

  4. Боја на текст:

    1. Основна боја е --bs-gray-500.

  5. Боја на линкови:

  6. Изберете --bs-gray-500 за неутрален изглед.

  7. Боја на наслови:

  8. Изберете боја за насловите, соодветно која што вас ви одговара за  да бидат истакнати.

  9. Логото може да биде поставено како мал елемент на почетокот или во центарот на футерот. Како стандардна или светла варијанта.


  1. Менување на мени, футер и хедер 

Менувањето на менито, футерот и хедерот е ист процес како и конфугурацијата. Сите постапки се изведуваат преку истата структура, што овозможува лесно и брзо менување. При секоја промена од десната страна имате копче, означено со Зачувај, за да ги зачувате сите параметри.

Was this article helpful?

That’s Great!

Thank you for your feedback

Sorry! We couldn't be helpful

Thank you for your feedback

Let us know how can we improve this article!

Select at least one of the reasons
CAPTCHA verification is required.

Feedback sent

We appreciate your effort and will try to fix the article