Атрибутите се важен дел од организирањето на производите во вашата е-продавница. Со нив се додаваат специфични карактеристики на производите, кои подоцна можат да се користат за пребарување, филтрирање и прикажување. Подолу е деталното упатство за тоа како да управувате со атрибутите во Vendor.
Додавање нов атрибут
За да додадете нов атрибут, следете ги овие чекори:
Отворете го табот за атрибути
Од главното мени, изберете Продавница -> Атрибути.
Кликнете на копчето „Нов атрибут“, кое се наоѓа на врвот на страницата.
Пополнете ги полињата за нов атрибут
Наслов: Внесете го името на атрибутот на пример: Боја. Ова е полето што ќе биде видливо на вашата е-продавница.
Опции: Внесете ги вредностите на атрибутот. На пример, „Црвена“, „Сина“ за боја и притиснете Enter за да ја додадете.
Може да се филтрира: Ако сакате овој атрибут да се користи како филтер во продавницата, означете ја оваа опција. Ова ќе овозможи купувачите да ги пребаруваат производите според овој атрибут.
Зачувајте го атрибутот
Откако ќе ги пополните полињата, кликнете на копчето „Креирај атрибут“. Новиот атрибут ќе биде додаден на листата со атрибути и достапен за употреба.
Како да измените атрибут во Vendor?
Отворете го атрибутот што сакате да го уредите
Одете во Продавница -> Атрибути.
Најдете го атрибутот на листата и кликнете на копчето „Измени“ покрај него.
Уредете ги полињата
Наслов: Променете го името на атрибутот ако е потребно.
Опции: Додајте нови опции, избришете постоечки или уредете ги текстовите на опциите.
Може да се филтрира: Ако сакате атрибутот да биде дел од филтерите на е-продавницата, означете го полето.
Зачувајте ги измените, избришете или прегледајте
Притиснете „Зачувај“ за да ги зачувате сите промени, копчето “Избриши” за да ги избришете или “Преглед”, за да ги прегледате промените.
Како да го избришете атрибутот?
Кликнете на копчето „Избриши“
Откако сте сигурни дека атрибутот повеќе не ви е потребен, притиснете го копчето „Избриши“.
Ќе се појави прозорец за потврда, за да го отстраните атрибутот.
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article