Ова упатство е наменето за администраторите на веб страната и објаснува како правилно да се користат функциите за додавање, уредување и бришење на купони.
Како да додадете нов купон
Креирањето нов купон е едноставен процес кој вклучува.
Одете во Маркетинг> Купони > Сите купони.
Кликнете на копчето „Креирај купон“.
Внесете ги следниве податоци:
Код: Уникатен код што клиентите ќе го внесуваат за да го искористат купонот (на пр. DISCOUNT20).
Тип на купон:
Percentual – Процентуален попуст (на пр. 10%).
Вредност: Внесете го износот на попустот според типот (пример: „10“ за 10% )
Внесете дополнителни ограничувања, како што се:
Датум од/до: Период на важност на купонот.
Кликнете на „Сочувај“ за да го зачувате новиот купон.
Како да менувате постоечки купон
Ако постоечки купон треба да се ажурира, може да го направите тоа преку опцијата „Измени“.
Одете во Маркетинг > Купони > Сите купони.
Во табелата со купони, најдете го купонот што сакате да го измените.
Кликнете на копчето „Измени“ покрај соодветниот купон.
Ажурирајте ги потребните полиња:
Променете го кодот, типот или вредноста.
Ажурирајте ги датумите на важност или други ограничувања.
Кликнете на „Сочувај“ за да ги зачувате промените.
Како да избришете купон
Ако купон повеќе не е потребен, може да го избришете. Оваа акција е трајна и треба да се користи со претпазливост.
Одете во Маркетинг > Купони > Сите купони.
Во табелата, пронајдете го купонот што сакате да го избришете.
Кликнете на копчето „Избриши“ покрај купонот.
Потврдете го бришењето.
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article