Купоните се моќен маркетинг алат кој администраторите на платформата можат да го користат за промоции, попусти и поттикнување на продажбата.
Функцијата за управување со купони во Vendor платформата е дизајнирана за лесно и ефикасно ракување со промотивните понуди.
Администраторите можат да создадат купони со различни карактеристики процентуални попусти, што дава можност за промоција. Купоните можат да бидат поставени со одредени ограничувања, како што се период на важност, минимален износ за користење.
Со оваа функционалност, администраторите можат да креираат уникатни купонски кодови кои клиентите ќе ги внесуваат при завршување на нарачката, и да ги применуваат според актуелните промоции или кампањи. Истовремено, купоните лесно можат да се уредуваат доколку се потребни измени во условите, или да се избришат кога не се повеќе релевантни.
Оваа алатка е клучна за оптимизирање на маркетинг активностите и зголемување на ангажманот на клиентите, преку креирање на атрактивни понуди кои ќе ги привлекуваат нови купувачи и ќе ја наградуваат лојалноста на постоечките.
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article