Во ова упатство ќе научите како да додадете, менувате и избришете брендови или категории на вашата е-продавница на платформата Vendor. Овие чекори ќе ви помогнат да ја одржувате продавницата организирана и прегледна за вашите купувачи.
Како да додадете нов бренд во Vendor:
Кликнете на копчето „Додај нов бренд“:
Кога ќе го кликнете копчето „Додај нов бренд“, ќе се отвори форма за внесување на податоци за новиот бренд.
Пополнете ги следниве полиња:
Наслов:
Внесете го името на брендот. (Пример: „Nike“, „Adidas“, „EZ for kids“)
Slug:
Внесете краток текст кој ќе се користи во URL адресата за овој бренд. (На пример: „nike-shoes“, „adidas-sportswear“).
Линк:
Додадете URL на официјалната веб-страница на брендовите (ако постои). (На пример: https://www.nike.com)
Слика:
Поставете слика или лого на брендот. Кликнете на полето за слика и избератe ја сликата која ќе го претставува брендот на веб-страницата.
Кликнете на копчето „Зачувај“ за да го додадете новиот бренд во вашата продавница.
Како да измените бренд во Vendor:
Кликнете на „Измени“ покрај брендовите кои сакате да ги промените.
Ова ќе ви го отвори прозорецот со податоците на брендот кои веќе се внесени.
Пополнете ги следниве полиња за да ги измените податоците за брендот:
Наслов:
Внесете го новото име на брендот, ако сакате да го промените. (Пример: Ако се викал „Nike“, сега може да го промените во „Nike Sportswear“).
Напомена: Полето е задолжително, така што не можете да го оставите празно.
Slug:
Внесете нов или ажуриран slug. Slug-то е дел од URL-то кој го користите за да го претставите брендот на страницата. (Пример: ако брендот се вика "Nike", slug-от може да биде „nike-sportswear“).
Линк:
Внесете или променете го URL-то на веб-страницата на брендовите (ако има нов линк или URL адреса). (Пример: https://www.nike.com).
Слика:
Поставете нова слика или лого за брендот. Кликнете на сликата за да ја промените и одберете ја новата слика од вашиот компјутер или поставете ново лого.
Кликнете на „Зачувај“ за да ги примените промените и да го ажурирате брендот.
Бришење на бренд:
Ако сакате да избришете бренд, тоа може да се направи на следниов начин:
Под Сите брендови, пронајдете го брендот што сакате да го избришете.
Кликнете на „Избриши“.
Потврдете ја акцијата и брендот ќе биде избришан од вашата продавница.
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article