Во системот на Vendor, управувањето со нарачки е основа за ефикасно следење, обработка и контрола на секоја нарачка. Секој аспект од нарачката може да се следи од администраторски панел и да се менаџира, од моментот кога ќе се постави нарачката, до моментот на испорака и завршување на процесот. Овде ќе ги разгледаме сите детали една нарачката што можат да се видат и уредуваат преку платформата Vendor.
Почетни информации за нарачката
Кога ќе ја отворите нарачката во Vendor, ќе бидат прикажани следните информации.
Основни податоци за нарачката:
Нарачка број: #2 – Уникатен идентификатор за нарачка.
Клиент: Име и Презиме на Клиентот.
Датум на креирање: Кога е креирана нарачката.
Статус: Во процес, на чекање, комплетирана и сл.
Статус на нарачката
Статусот на нарачката дава јасен приказ на нејзината фаза:
Се процесира: Нарачката е во фаза на обработка и не е испратена.
На чекање: Нарачката чека дополнителни акции.
Комплетирана: Нарачката е завршена и испратена.
Испратена: Нарачката е испратена и на пат за доставување.
Детали за Клиентот и контакт информации
Платформата на Вендор прикажува детални информации за клиентот кој ја направил нарачката :
Име и Презиме : А***** и С*********.
Адреса на клиентот : Вклучува адреса, постен број, град и држава.
Емаил адреса : Контакт емаил на клиентот.
Телефонски број : Телефонски број за контакт.
Забелешка : Можете да додадете или погледнете било какви забелешки кои клиентот ги има оставено при нарачката.
Детали за испорака
Во овој дел се прикажани сите податоци поврзани со испорака на нарачката:
Име и Презиме на Клиенот.
Адреса на испорака.
Контакт податоци.
Забелешки .
Платежни детали
Во овој дел се покажуваат сите информации поврзани со паќањето :
Метод на плаќање: Наплата при достава, Наплата со платежна картичка.
Вкупна сума без ДДВ: Пример, 844,46 MKD.
ДДВ : Пример, 152,54 MKD.
Достава: Трошоци за испорака, пример 150 MKD.
Попуст: Ако има попуст ќе се прикаже.
Купон: Ако е искористен купон ќе биде прикажан.
Детали за Производите во Нарачката
Овде се прикажани сите производи кои клиентот ги нарачал, со следниве податоци:
Производ: Името на производот (на пример, "Фустан").
Шифра на производ: Уникатниот код за производот.
Цена: Цена по производ.
ДДВ: ДДВ за секој производ.
Попуст: Применетиот попуст за секој производ.
Цена со попуст: Цена на производот по применетиот попуст.
Количина: Количината на производот кој се нарачал.
Вкупна цена со попуст: Вкупната цена за конкретниот производ по попуст.
Коментари на Нарачката
Во овој дел ќе бидат прикажани различни коментари:
Системски коментари: Автоматски генерирани коментари кои покажуваат статуси на нарачката.
Генерални коментари: Се однесуваат на сите важни забелешки или на промени поврзани со нарачката.
Кориснички коментари: Коментари оставени од клиентот, како што се специфични барања или забелешки.
Пример на системски коментар:
Статус на нарачката: "The status order is set to Processing."
Креирана: 27 November 2024, 13:27
Последна промена: 27 November 2024, 13:27
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article