Како да креираш почетна страница?



Почетната страница е клучна за секој веб-сајт, бидејќи тоа е првото што посетителите ќе го видат кога ќе ја отворат вашата веб-адреса. Таа треба да биде привлечно дизајнирана, лесна за навигација и да ја претставува целата суштина на вашиот бренд или услуга. Во овој водич ќе ви објасниме како да креирате почетна страница на вашиот веб-сајт.



  1. Избришете ја стандардната почетна страница

Прво, проверете дали постои стандардна страница која автоматски ви е поставена како почетна.Платформата ви даваат стандардна почетна страница, која треба да ја замените со новата која ќе ја креирате. За тоа:


  1. Одeте во Содржина > Страници.

  2. Ако видите дека постои default (стандардна) страница, која автоматски е поставена како почетна, треба да ја избришете за да не се појавува.


  1. Креирајте нова страница

Следниот чекор е да креирате нова страница, која ќе биде вашата почетна страница. За да го направите тоа:


  1. Одете во Содржина > Страници > Нова страница.

  2. Во Основни информации:

    1. За Македонски: Внесете Почетна.

    2. За Англиски: Внесете Home.

  3. Полето Link автоматски ќе се пополни на основа на внесеното име, но ако не е, уверете се дека се пополнува соодветно.


  1. Изберете темплејт за почетната страница

Кога ќе ја креирате страницата, ќе треба да изберете темплејт кој ќе ја одреди структурата на страницата:


  1. Во десниот дел од екранот, во делот Избери темплејт за да креираш дизајнирана страница, изберете:

    1. Тип на страница: Изберете Почетна страница.

    2. Во варијанта секогаш избирајте варијанта 14 (празна варијанта). Ова ви дава празна шаблонска структура, која ќе ја пополните со вашиот содржина.


  1. Додајте блокови за содржина

Сега, кога ќе имате празна страница, треба да додадете различни блокови за содржина кои ќе ја формираат вашата почетна страница. Ова се блокови кои се користат за прикажување на текст, слики, слајдери, производи и други елементи:


  1. Текст блок: За додаване на текстуални содржини.

  2. Слика/банер: За поставување слики или рекламни банери.

  3. Промо блок: За прикажување на промотивни информации.

  4. Слајдер: За прикажување на слики или текстови што се ротираат.

  5. Производи: За прикажување на производи или категорији.

  6. Рецензии: За прикажување на позитивни рецензии од ваши клиенти.


  1. Почнете со додавање на слајдер

Секогаш започнете со додавање на слајдер, бидејќи ова е најчесто користениот елемент на почетните страници, за да прикажете динамична содржина. За конфигурирање на слајдерот:


  1. Во делот Конфигурација за слајдер, треба да пополните неколку полја:

    1. slidesPerView: Одредува колку слајдови ќе се прикажуваат одеднаш.

    2. loop: Ако сакате слајдерот да се враќа на почеток по последниот слајд.

    3. pagination: Ова е опција за навигација низ слајдовите.

    4. autoplay: Ако сакате слајдерот да се репродуцира автоматски.

    5. effect: Изберете ефект за анимацијата на слајдерот (на пример, fade или slide).


  1. Подесување на стилови и изглед

Еден од клучните делови при креирањето на почетната страница е да го подесите дизајнот. Овие опции ќе ви овозможат да го прилагодите изгледот на секој блок ни една копмонентна не треба да остане празна, секоја треба да е пополнта:


  1. Ширина (Width): Поставете ја ширината на елементите на страницата.Ова поле треба секогаш да биде пополнето .

  2. Боја на позадина (background_color): Поставете боја на позадината на секој блок.

  3. Маргина од врв и долу (margin_top, margin_bottom): Подесете го просторот околу блоковите.

  4. Боја на текст (content_text_color): Одберете ја бојата за текстот.

  5. Позиција на текст (content_position): Поставете каде ќе се наоѓа текстот во однос на блокот.


  1. Активирање на почетната страница

За да ја поставите новата страница како почетна, следете ги овие чекори:


  1. Оди во Конфигурација и одберете ја новата страница како Активна страница.

  2. Во опцијата за Почетна страница, изберете Почетна.

  3. Кликнете на Зачувај за да ја објавите новата почетна страница.


  1. Зачувајте и објавете

На крај, не заборавајте да ја зачувате страницата, што ќе ја направи активна и видлива за посетителите на вашата веб-страница.

 

Was this article helpful?

That’s Great!

Thank you for your feedback

Sorry! We couldn't be helpful

Thank you for your feedback

Let us know how can we improve this article!

Select at least one of the reasons
CAPTCHA verification is required.

Feedback sent

We appreciate your effort and will try to fix the article