Во ова упатство ќе научите како да додадете, менувате и бришете категории на производи, што е од големо значење за ефективното управување со вашата онлајн продавница.
Додавање на нова категорија
Чекори:
Одете во делот Категории на производи во административниот панел.
Кликнете на копчето „Додади нова категорија“.
Пополнете ги полињата:
Наслов: Внесете име на категоријата (на пример, „Shirts“).
Slug: Внесете или оставете го автоматски генерираниот slug (на пример, /shirts).
Родител категорија: Изберете дали категоријата е главна или подкатегорија.
Краток опис: Опишете ја категоријата (на пример, „Широка понуда на кошули за секојдневна употреба“).
Слика: Додадете слика што ќе ја претставува категоријата.
Насловна слика: (опционално) Додадете поголема банер.
Кликнете „Креирај категорија “.
Менување на постоечка категорија
Под колоната „Акции“, пронајдете ја опцијата „Измени“ .
Кликнете на копчето за да се отвори формата за уредување на категоријата.
Ажурирајте ги полињата во формата
Наслов: Променете го името на категоријата.
Slug: Ажурирајте ја URL патеката ако е потребно.
Родител категорија: Дефинирајте ја како подкатегорија или оставете ја како главна.
Краток опис: Внесете или изменете го описот.
Слика: Заменете ја постоечката слика со нова.
Насловна слика: Додадете нова банер слика или изменете ја.
Visible: Одберете дали категоријата е видлива за корисниците.
Order: Променете го редоследот за прикажување.
Зачувајте ги промените
Кога ќе завршите со ажурирањето, кликнете на копчето „Зачувај“ .
Бришење на категорија
Пример: Избришете ја категоријата „Dresses“.
Чекори:
Во листата на категории, пронајдете ја категоријата што сакате да ја избришете.
Пример: ID #3 – Dresses
Кликнете на „Избриши“ под колоната „Акции“.
Потврдете го бришењето.
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article