Креирање на тикет во Хелп Центарот
Во прилог, чекор по чекор ќе ви биде прикажан процесот на креирање на тикет.
Како да отворите тикет
Кликнете на копчето „Отвори тикет“ во горниот десен агол на вашиот екранот.
Кога ќе го кликнете, ќе се отвори нов прозорец во кој треба да ги пополните сите потребни податоци.
Пополнување на прозорецот
Во прозорецот кој ќе се отвори, ќе имате неколку полиња што треба да ги пополните:
Контакт:
Ова поле е автоматски пополнето со вашата емаил адреса која сте ја користеле при регистрацијата во системот.
Препорачуваме да биде службената емаил адреса на вашата компанија, бидејќи ова ќе ја олесни комуникацијата и ќе обезбеди официјална и безбедна кореспонденција.
Наслов:
Ова е краток и јасен опис на проблемот или барањето.
Треба да биде конкретен, краток и разбирлив, така што веднаш ќе биде јасно за што се работи.
Пример:„Барање за промена на содржина на веб-страницата“.
Статус:
Секогаш го оставате Open, или отворен.
Тип на тикет:
Изберете тип на тикет од следните понудени опции:
Технички: За сите проблеми кои се поврзани со технички аспекти на платформата. На пример, ако не можете да се најавите или ако има грешки во функционирањето на веб-страницата.
Ургентен технички: За ситуации каде што техничкиот проблем има големо влијание и треба да се реши веднаш. На пример, ако веб-страницата не е достапна.
Помош при менаџирање на содржини: Ако имате проблеми при додавање или уредување на содржини на веб-страницата (например, текст, слики, линкови и други материјали).
Барање за доработка: Ако сакате да побарате нови функционалности или промени на веб-страницата. На пример, ако треба да се додаде нова страница или секција.
Финансии и администрација: За прашања поврзани со плаќање, фактури, или администрирање на вашата сметка.
Прашања: За сите други прашања кои не спаѓаат во горенаведените категории. Ова може да биде нешто што бара дополнителни објаснувања или општи прашања.
Приоритет:
Изберете приоритет на тикетот врз основа на сериозноста на проблемот.
Ова ќе помогне нашиот тим да ги обработи тикетите според итноста.
Пример:
Висок приоритет: За итни проблеми кои значително влијаат на функционирањето на веб-страницата (на пример, проблеми со пријавување или сервер).
Среден приоритет: За проблеми кои не се толку критични, но се важни за функционирање.
Низок приоритет: За барања кои не влијаат на основната функционалност.
Опис:
Објаснете го проблемот или барањето што го имате на најдетален начин.
Важно е да дадете што повеќе информации за да нашите тимови можат брзо и точно да го решат вашиот проблем.
Вклучете:
За која компанија се работи.
Домен на веб-страницата.
Каков е проблемот што се јавува.
Пример: „На нашата веб-страница, пријавувањето на администратор не функционира. При обид за најавување, се појавува грешка која вели: ‘Погрешна лозинка’ иако лозинката е точна. Нашиот домен е www.testdomen.com.“
Прикачување на фајлови:
Ако е потребно да прикачите слика, PDF или друг документ за да го објасните проблемот, кликнете на копчето „Прикачи фајл“.
Препорачливо е да прикачите слики или документи кои ќе ја покажат ситуацијата или грешката што ја доживувате. Ова ќе ни помогне побрзо да ја разбереме и решиме ситуацијата.
Пример: Ако имате проблем со изгледот на веб-страницата, прикачете слика од екранот со грешката.
Домен:
Полето со доменот, е задолжително. Ве молам пополнете го со содветнито домен на вашата компанија.
Кликнете на копчето „Поднеси“:
По пополнувањето на сите информации, кликнете на копчето „Поднеси“ /Create за да го креирате тикетот.
Потврда на тикет:
Ќе добиете е-порака за потврда со број на тикетот, која ќе го потврди успешното креирање на тикетот.
Нашиот тим ќе се погрижи да го обработи вашето барање што е можно побрзо.
Was this article helpful?
That’s Great!
Thank you for your feedback
Sorry! We couldn't be helpful
Thank you for your feedback
Feedback sent
We appreciate your effort and will try to fix the article